ЛАВ

 Лавот има чудотворен рецепт за освојување, тој за тоа има дарба и ретко доживува неуспеси. Тој не мора многу да се труди, доволно е да е присутен, затоа што неговиот шарм делува сам од себе. Личноста родена во знакот на Лав поседува вродена отменост и шарм и лесно освојува со својот аристократски изглед. Лавот никогаш не брза по лесен плен, затоа што препреките го поттикнуваат да се труди. Ако сте го привлекле вниманието на некој Лав, долго ќе ви раскажува за најстраствената личност на светот: за себе.
              Да би можел да сака Лавот мора да биде обожуван, но и да обожува. Лавот е склон кон идеализирање на личностите кои ги сака, иако не во вистинска смисла на зборот, затоа што тој всушност личноста која ја сака ја гледа онаква каква и самиот сака да биде. Во неговата глава секогаш постои слика на идеален партнер кој би ги задоволил неговите желби, кој би му помогнал во создавањето на кариерата или би бил идеален родител, кој со еден збор би ги поседувал сите квалитети. Но секако не би бил подобар од Лавот, и на него треба да се потпре и да бара совети.